Ревија на народни носии по повод 35 години постоење на „КУД ИЛИНДЕН“

- Локални
803

Во склоп на прославата на јубилејот- 35 години постоење на „КУД ИЛИНДЕН“ од Струга,  ќе биде организирана ревија на народни носии.

Се работи за самостојна ревија на која друшвото ќе ги презентира сите народни носии со кои располага и ги стекнало во текот на овие 35 години.

Оваа ревија ќе се одржи во среда, 13-ти јуни во Центарот за култура “Браќа Миладиновци” во Струга. Почетокот е закажан за 20:00 часот, а влезот е слободен.

КУД „Илинден“- Струга е друштво основано на 6 -ти април 1983 година.   Членовите на ова друштво негуваат долгогодишна традиција и на свој оригинален начин ја покажуваат својата љубов кон фолклорната уметност.

Ова културно-уметничко друштво  претставува вистински бренд во нашиот град. Бројните членови на ова друштво Струга ја имаат претставувано речиси во цела Македонија  а скоро и да нема држава низ Европа каде „КУД ИЛИНДЕН“ не стапнал во своето  35 -годишно постоење.

Strugaonline

 

Facebook Коментари