Акцијата „Рециклирај шише, вака не се дише” во Струга е во финална фаза

- Локални
875

Младинскиот тим при ЗРА „Аква” започна со реализирање на акција за собирање пластичен отпад во двете средни училишта „Нико Нестор” (во соработка со Средношколската заедница) и „Ибрахим Темо”, Струга. Поставени беа специјализирани корпи за пластичен отпад, а акцијата се организираше во форма на наградна игра. Во секое шише, средношколците вметнуваа купон со име и презиме и со завршувањето на акцијата, беа извлечени три добитни шишиња од секое училиште, а добитниците беа наградени. Акцијата во СОУ „Нико Нестор” се одржуваше во месец април, а во СОУ “Ибрахим Темо” во месец мај, под мотото “Рециклирај шише, вака не се дише”.

Целта на акцијата беше зголемување на свесноста кај средношколците за загадувањето и потребата од селектирање и рециклирање на отпадот, како и индивидуалното влијание на поединецот врз животната средина и општеството. Во текот на месец септември, собрана беше и стара хартија од училиштата (книги, листови, хамери), кои заедно со пластиката, на 1о-ти  септември беа преземени од Отпад Охрид, каде подоцна истите ќе бидат рециклирани.

Strugaonline

Facebook Коментари