Aктивен е пожарот на Галичица, во Струга и струшко изгаснати четири пожари
Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 49 пожари на отворен простор, од кои во моментов 12 се активни, седум се под контрола, 30 се изгаснати, соопшти ЦУК.

Активен е пожарот на Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа (шума, нискостеблеста вегетација);
Што се однесува до Општина Струга, изгаснати се пожарите во Ложани и Ливада каде гореа стрништа, и ѓубре во периферија на градот и во Белица.
Strugaonline
фото: архива

