Во рамки на проектот „За сите деца“ под мотото „Културата расте со децата“, утре, 16 август, со почеток во 20 часот, на плоштадот „Вангел Наумовски“ во Охрид ќе се одржи Книжевен хепенинг за деца.
Предвидено е претставување на авторите на книги за деца Билјана Црвенкоска, Ели Маказлиева, Роза Костеска, Васка Јовановска и други. Ќе се одржи и мини саем на книги за деца во издание на ,,Едука Мак“ и ,,Чудна шума“.
Во рамки на културно-забавната програма ќе настапат децата од ,,Малите sвездички КА-2“ и детскиот фестивал ,,Распеано рибарче“.
Strugaonline
Facebook Коментари