Лев банер Десен банер

Амбасадорот на Турција Фатих Улусој во прва официјална посета на Струга

Струга за првпат беше домаќин на официјална посета на амбасадорот на Република Турција во Македонија, Фатих Улусој, кој оствари средба со градоначалникот Менди Ќура.

На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на економската, културната и институционалната соработка меѓу Струга и Република Турција, при што беше истакнато долгогодишното пријателство и традиционално добрите односи што градот ги негува со турскиот народ.

Амбасадорот Улусој му честиташе на градоначалникот Ќура за, како што посочи, новата енергија и визија што ги внесува во развојот на Струга, нагласувајќи ја неговата посветеност на унапредување на градот и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Од своја страна, градоначалникот Менди Ќура истакна дека соработката со меѓународните партнери останува еден од приоритетите на локалната самоуправа и дека секоја иницијатива е насочена кон економскиот и општествениот развој на Струга, како и кон создавање подобри услови за живот на сите граѓани.

Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, при што двете страни изразија подготвеност за натамошно зајакнување на меѓусебната соработка и реализација на нови заеднички проекти во иднина.

StrugaOnline

error: