Народен театар Охрид со претставата „Парите се отепувачка“ гостува на „Вевчанско лето 2026“
Во рамките на културната манифестација „Вевчанско лето 2026“, љубителите на театарската уметност ќе имаат можност да ја проследат претставата „Парите се отепувачка“ од македонскиот драмски автор Ристо Крле, во изведба на Народен театар Охрид.
Претставата ќе биде одиграна во среда, 15 јули 2026 година, како дел од програмата на овогодинешното издание на манифестацијата, која и ова лето носи богата културно-уметничка содржина за посетителите.
Во актерската екипа настапуваат Стрезо Стаматовски во улогата на Митре, Филип Кипровски како Анѓеле, Марија Новак во улогата на Мара, Адријана Билаловиќ-Тодороска како Ката и Никола Тодороски, кој ќе го толкува ликот на Софре.
Со поставувањето на едно од најпознатите дела на Ристо Крле, Народен театар Охрид продолжува да ја афирмира македонската драмска традиција, а организаторите на „Вевчанско лето 2026“ упатуваат покана до сите љубители на театарот да бидат дел од оваа вечер исполнета со квалитетна домашна театарска продукција.
StrugaOnline

