Aмериканското катче -Струга организира обука за претприемнички вештини за жени и девојки од Струга и регионот

- Локални
205

Aмериканското катче -Струга организира обука “WOMENT – ENTREPRENEURSHIP TRAINING FOR WOMEN“ за претприемнички вештини за жени и млади девојки од Струга и регионот кои би сакале да го откријат својот претприемачки потенцијал и да направат чекор напред кон започнување сопствен бизнис.

Обуката ќе ја спроведуваат сертифицирани тренери од ЦЕФЕ Македонија според ЦЕФЕ методологијата за искуствено учење преку презентации, практични сесии, интерактивни дискусии и симулации.

Програмата се состои од четири  петчасовни сесии, кои ќе се одржуваат секоја сабота од 18-ти март до 8-ми април во Американското катче во Струга.

Обуката е наменета за дваесет учесничкии. Жени и млади девојки, на возраст од 18 и повеќе години. Обуката е за сите оние кои имаат својот микро бизнис, размислуваат да започнат бизнис или едноставно сакаат да го истражат претприемништвото.

Сите заинтересирани може да се пријават и да прочитаат повеќе за обуката на овој ЛИНК

Facebook Коментари