Анкета за граѓански приоритети во Општина Струга

Шест граѓански организации членки на Форумот за граѓански дијалог (НВО Инфоцентар, Спектар, Граѓанска иницијатива на жени од Свети Николе, Гласен Текстилец, Младински културен центар – Битола и Центар на заедницата на општина Струга) сакаат да го поттикнат учеството на граѓаните во креирањето политики и услуги на локално ниво.
,,Доколку живеете во општина Струга, ве покануваме, да издвоите неколку минути и да го пополните овој анонимен прашалник, кој има за цел да го сондира мислењето на жителите на општината, за најголемите локални проблеми и приоритети, како и степенот на нивна реализација на следниов ЛИНК“– стои во соопштението.
Оваа активност е дел од проектот ,,Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво.“
Strugaonline
