Утре во Струга ќе се одржи настанот ,,Простор за разговор- Dancing (Talking) Table “

- Локални
155

Утре во хотел ,,Дрим“ во Струга со почеток во 13:00 часот ќе се одржи настанот ,,Простор за разговор во Струга“-Бидејќи родовата еднаквост е важна!

Интерарт културниот центар во соработка и со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје, во склоп на Националната турнеја на проектот „Простор за разговор“- “Dancing (Talking)Table”, во соработка со Студио за танц Бах од Струга, предводено од Тања Бах, ќе оддржи настан во кој ќе се зборува на темата, во чии рамки ќе се прикаже и филмот „Простор за разговор“.
Филмот е создаден како сценска рефлексија на истражувањето за односот на општеството кон темата на родова еднаквост и семејно насилиство, со цел да се сврти вниманието на јавноста кон овој горлив проблем.

Интерарт културниот центар во изминатива година работи на проектот „Простор за разговор“ или „Dancing (Talking) Table“, со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје, в кој се опфаќа темата за родовата еднаквост и семејно насилство. За таа цел, кореографката Рисима Рисимкин и танчерите на Скопје танцов театар и подмладокот на компанијата, студентите на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“, направија танцов перформанс, како сценска рефлексија на темата. Воедно создадоа и танцов филм со истиот наслов, за кој инспирација беа сведоштвата на жртви на родовата (не)еднаквост и семејното насилство. Танцовиот перформанс и филмот „Dancing Table“  е во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, костимите се на Благој Мицевски, а сценскиот дизајн на Матеа Мијановиќ. Настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар: Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Бобан Русески и подмладокот од Катедрата за современ танц при УГД: Сара Димовска, Клара Христова, Јоана Благадуша. Микаела Ангела Глигорова, Илина Костовска, Моника Шолевска, Ангела Петровска, Стефанија Милевска Враниќ.

Проектот, кој има за цел, преку уметнички активизам да се подигнува свеста за родовата (не)еднаквост и семејното насилство, во тек на 2023 година,  патуваше низ десетина градови во земјава со цел да се поттикнат активностите и свесноста на што поголема територија. Директорот на Интерарт културен центар, Матеа Мијановиќ, кој го води проектот, смета дека е „важно да се постават прашања во однос на темата и јавно да се разговара за истата“.

Strugaonline

Facebook Коментари