Арменд Арслани: Состојбата во струшката болница е стабилна, хоспитализирани се 13 пациенти, граѓаните да ги почитуваат мерките

- Интервју, Локални
187

Екипата на Strugaonline разговараше со новиот директор на струшката Општа болница, Д-р Арменд Арслани.

Арслани информира дека состојбата во струшката болница е стабилна, засега нема потреба од ставање во функција на модуларниот ковид центар, слободни кревети има, но и покрај стабилноста на ситуацијата клучно е почитувањето на мерките за заштита. Деталите прочитаjте ги во продолжение .

Strugaonline: Каква е состојбата со болничките капацитети во Струга? Колку заболени има, колку од нив имаат потреба од болничко лекување и каква им е клиничката слика?

Арменд Арслани: Во моментов можам да информирам дека состојбата во струшката болница е стабилна и согласно ингеренциите кои ги имаме како Општа болница располагаме со  опрема и стручен медицински кадар за соодветно справување со состојбата . На располагање за третман и грижа на наште пациенти ставени се сите ресурси со кои располагаме од аспект на човечки потенцијал и опременост.. Дел од болничките кревети се поврзани и со централен довод на кислород. Интензивното одделение во склоп на Интерниот оддел има 7 кревети кои имаат централен довод на кислород. Останатите 32 кревети исто така се наменети за ковид болни пациенти. Во моментов има 13 хоспитализирани пациенти од кои 7 се на кислородна поддршка. Повеќето се повозрасни пациенти над 60 години.Кај поголем дел од хоспитализираните клиничката слика е средно-тешка и од страна на медицинскиот тим постојано се следи нивната состојба земајќи ја во предвид непредвидливоста на вирусот.

Strugaonline: Дали е планирано да се стави во функција и модуларниот ковид центар во Струга, односно дали сега има таква потреба?

Арменд Арслани: Во моментов во нашата болница сеуште има слободни болнички легла, и во моментов не сметам дека има потреба од активирање на овој дополнителен капацитет.Секако, ситуацијата ни налага да бидеме исклучително внимателни и следејќи ги потребите во моментот кога ќе има потреба, истата ќе биде активирана.  Што се однесува до овој дополнителен капацитет- модиларната болница тука централниот довод на кислород е веќе монтиран, во тек се завршни активности за нејзиното ставање во функција кое ќе биде во согласност со потребите од болнички капацитети на нашите пациенти.

Strugaonline: Забележуваме дека овој нов пик на пандемијата ги напаѓа младите, дали е таков случајот и во Струга? Која возрасна група е најзагрозена според податоците кои ги имате до сега?

Арменд Арслани: Во рамки на хоспитализираните во моментов повеќето се повозрасни пациенти над 60 години.Сепак, амбулантските прегледи кои се околу 40 дневно ни покажуваат дека застапени се сите возрасни групи и овој податок е дополнителен аргумент зошто сеуште треба да бидеме сите внимателни.Нема возрасна група која е позаштитена и затоа сите треба да сме посебно внимателни.

Strugaonline: Кој е Вашиот апел до граѓаните на Струга и струшко.

Иако сосотојбата во моментов во нашиот град е стабилна, сепак апелирам сите да ги почитуваат мерките, зашто нашиот медицински кадар ширум дражава ги дава своите максимални напори, се чувствува тој замор кај сите здравствени работници но и покрај тоа тие секогаш ја водат битката за секој еден пациент и секој човечки живот.Да покажеме почит кон нив и заради своето здравје и здравјето на нашите најблиски и покрај стабилната моментална состојба мора да бидеме внимателни зашто сепак вирусот е непредвидлив.

Извор: Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари