Љубителите на музиката во нејзината најсофистицирана смисла на зборот вечерва ќе имаат можност да уживаат во концертот на Армониа Атенеа, барокен оркестар од Грција. Концертот се одржува во рамките на 57-то издание на фестивалот „Охридско лето“ кој годинава се одржува под мотото „Патот до Магијата“. Армониа Атенеа ќе настапат под диригентската палка на Џорџ Петроу од Грција, а солистите кои публиката ќе има можност да ги слушне во совршената акустика на катедралната црква Света Софија се Реј Ченез, контратенор, САД Mаргарити Мурсини, сопран, Грција, Игор Дурловски, контратенор, Македонија Почетокот на концертот е закажан за 20 часот и 30 минути, а цената на билетот изнесува 700 денари.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари