„На ти го- дај ми го“ на „ДримОН“, дебата, театар и концерт нуди третиот фестивалски ден

- Локални
958

Петото јубилејно издание на фестивалот „ДримОн“ продолжува со својата богата програма.

Третиот фестивалски ден е насловен „На ти го- дај ми го“ и започнува со утринскиот термин од 9 часот, кој е резервиран за авантурата за деца „Природно наследство скриено богатство“. Од 16.30 следи работилница за деца „Креативни со отпадот“, а од 17 е  работилницата на „Фаринас хендмејд“ –  „Фосилизација на уметност од отпад“. Терминот од 18 часот е „Треш колонија“, а еден час подоцна, зад главната сцена ќе биде претставата на Театарот за деца и младинци, „Гига мега бајка“.
Промоцијата на 26.број на уличното списание „Лице в лице“ и отворање на изложба на постери, насловена „Бегалци во сопствената земја“ е закажана за 19.30 часот, на Летната сцена, кога публиката ќе има можност да види и чуе за проблемите со кои се соочуваат повратниците, како и предизвиците за нивна интеграција во земјава. Настанот е организиран во соработка со Германското друштво за интернационална соработка, (ГИЗ).
Од 20 часот е отворената дебата на тема медиумски клиентелизам, насловена „На ти го -дај ми го“, на која новинарот Ѕвездан Георгиевски и медиумската аналитичарка Емилија Петровска Камењарова, заедно со публиката а под модераторство на Небојша Илијевски ќе понудат прашања и одговори за тоа како младата публика може и треба да ги избегне манипулациите со информацијата кои нè пресретнуваат во медиумие и на социјалните мрежи.
Од 21 часот е проекција на филмови од призренскиот фестивал „Докуфест“, а во вечерниот термин  од 22 часот е резервиран за вжештена танцувачка атмосфера, со концертот на „Фолтин“. Овој фестивалски ден се затвора со настапи на миланскиот диџеј Ardimann и домашната поддршка Natty Fiyah SS.

Овогодинешното издание на ДримОН е под мотото “Градиме нови генерации”, што претставува простор за изразување и активизам  за новите, но и за некои заборавени струшки генерации.

Facebook Коментари