Лев банер Десен банер

Балетското студио „БАХ“ од денеска се враќа на сцена

После три месеци пауза поради состојбата со КОВИД 19, танцовите клубови се враќаат на сцена. Комисијата за заразни болести и Владата на Република Северна Македонија дадоа зелено светло за враќање на културно-уметничкиот живот во новата нормалност. Струга во својот културно-уметнички ритам се враќа со Балетското студио ,,БАХ“.

,,Голема беше желбата за враќање на проби и на членовите на нашето студио и на тимот на Балетското студио ,,БАХ“. Среќни сме што од денеска се враќаме со истата љубов и посветеност во работата. Сите членови во Балетското студио „БАХ“ се подготвени и желни да се вратат на сцена.  Почитувањето на протоколот подготвен за танцови клубови е сосема соодветен и ни овозможува да ги заштитиме нашите членови во целост, а квалитетот на танцувањето секако не се намалува. Ќе почнеме полека да се враќаме во форма, не практикував online часови бидејќи  сметам дека танцот не е дисциплина што може да се реализира на далечина, а тоа да биде квалитетно. Имам талентирани и посветени членови и сигурна сум дека се враќаме во полн сјај. ,,-вели за Strugaonline Тања, кореограф и идеен творец на Балетското студио ,,БАХ“

Протоколот за работа на танцови клубови е објавен на веб-страната на Владата.

Strugaonline

 

 

error: