Игор Атанасовски-Харе ја промовира новата авторска песна „Реприза“

- Музика
175

,,Реприза“ е насловот на новата песна на познатиот музичар Игор Атанасовски-Харе што од денеска ќе се врти по радио станиците во земјава.

Харе е изведувач и комплетен автор на ,,Реприза“ , на клавијатури свири Дамир Имери, Трајко Симоновски Таци на бас, а придружните вокали ги пее Сара Николовска.

Песната е снимана во студиото „Тралала“ на Мите Димовски.

„Ова е последната, осма песна од албумот што го изработив со мои авторски песни , а различни изведувачи. ,,Реприза“ одлучив да ја пеам јас. Станува збор за интимна песна и се надевам дека ќе им се допадне на слушателите. Видеото за оваа песна е во подготовка, ќе го објавам наскоро“ – изјави Харе за Strugaonline.

На овој албум се најдоа прекрасни песни кои наидоа на одлични реакции на публиката. Тамара Тодовска ја отпеа ,,Љубов“, Дани ја донесе музичката приказна ,,Некаде”, Мики Јовановски Џафер ја отпеа ,,Посакав да пеам“, Емотивната балада ,,Мајко“ на публиката и ја долови  Аки Ракимовски. Нокаут ја изведоа „Ти си таа“,а баладата ,,Мајко“ доби и своја инструментална верзија во соработка со мандолинскиот оркестар од Свети Николе.

Strugaonline

Facebook Коментари