Балетаското студио ,,БАХ“ вчера го одржа својот годишен концерт со наслов „Светлина“.
Поради строгото почитување на сите мерки за заштита од вирусот ковид 19 оваа година изостана преполната сала, но не изостана квалитетот , беспрекорната подготвеност на сите членови на балетското студио и одличната атмосфера што знаат да ја направат само Баховки, за комплетно уживање на публиката.
,,Во духот на самиот наслов на концертот, моите деца светеа синоќа. Во педесет и пет минути презентиравме уметност, вкус, префинетост. Како и секоја година, среќна сум што децата беа беспрекорно подготвени, а публиката строго ги испочитува сите мерки за заштита од вирусот и даваше аплаузи од срце. Реакциите на публиката се нашиот мотив да продолжиме со исто темпо и да шириме светлина.,,- вели Тања, кореограф и идеен творец на Балетското студио Бах.
Баховки денеска одмараат, а од утре продолжуваат со редовни часови, со голема претпазливост и мерки за заштита на здравјето. За сите оние што немаа можност концертот ,,Светлина“ да го проследат вчера, наскоро ќе можат да проследат снимка од настанот.
Доколку се стабилизира состојбата со вирусот ковид 19 , Балетското студио ,,БАХ“ ќе одржи голем концерт следната година на пролет.
Strugaonline
Facebook Коментари