Крсте Шулески е нов претседател на Месна заедница-Мислешево

- Локални
505

Месната заедница во Мислешево избра нов совет и претседател. Во наредните четири години со месната заедница во Мислешево ќе претседателствува Г-дин Крсте Шулески, за секретар е избран Г-дин Благоја Прентоски , а секретар ќе биде Г-дин Стојче Милошоски.

-Изборот се одржа на отворено, со строго почитување на сите мерки за заштита од вирусот ковид 19 -информираат од Одделението за соработка со Месни заедници при Општина Струга кои беа организатори на изборите.

Надзор на изборите за нов Совет и нов претседател на Месна заедница -Мислешево вршеа советниците од Општина Струга-Г-ѓа Валентина Переска и Г-дин Илија Пејоски.

-Многу наскоро, граѓански собир за избор на нови органи и тела ќе се одржи во наслебата Езерски Лозја. -информираат од Одделението за соработка со Месни заедници при Општина Струга.

Strugaonline

 

Facebook Коментари