Трговците во Струга, Охрид и другите туристички дестинации треба да работат и во недела, објави синоќа министерот за економија во Владата на Република Македонија, Крешник Бектеши.
– Ова е констатирано во консултација со пратениците, локалните самоуправи и бизнис заедницата. Министерството за економија заедно со пратениците предложи вакви измени во Законот за трговија и очекува што побрзо да се усвојат, напиша министерoт.
Претходно, градоначалниците на Струга и Охрид побараа туристичките места да бидат изземени од мерката „недела неработен ден“.
-Барањето се адресира до Министерство за eкономија, односно до Владата на Република Северна Македонија, за да се донесе решение за горенаведените бизниси за недела да биде работен ден, како посебна гранка за туристичката сезона. Струга е град кој зависи од летната сезона, така што, недела неработен ден сериозно ќе го загрози и негативно ќе влијае на локалниот економски развој и пошироко.Очекуваме посета на министерот за економија и заеднички да разговараме за изнаоѓање на решение кое ќе ги задоволи потребите на граѓаните на Струга.-објави Општина Струга на 10-ти мај.
Strugaonline
Facebook Коментари