Лев банер Десен банер

Бесплатен филмски курс „Филмски колаж“ од 3ти до 7ми јули во Младински Центар Охрид

Во просториите на Младински Центар Охрид, од 3ти до 7ми јули ќе се оддржи бесплатен филмски курс насловен „Филмски колаж“, што е дизајниран како алатка за сите средношколци и студенти со интерес кон филмската уметност.
Целта е да им овозможи на младите да се запознаат со различни аспекти на филмската продукција и да ги развијат своите критички и креативни способности.
-Преку теоретски и практични предавања од областа на актерската игра, филмската камера, сценографија и костимографија, филмска шминка и маска, видео монтажа, дизајн на звук, филмска музика и режија, учесниците ќе стекнат темелни знаења и практични вештини.
Со овој курс се пружа можност да ја зацврстиме филмска писменост кај младите вљубеници во филмот, да го поттикнеме критичкото размислување и креативност, и да ги запознаеме со реалната професионална пракса пред влезот во филмскиот свет-информираат организаторите.
Додаваат дека предавањата ќе ги водат стручни лица, а при теренската настава учесниците ќе имаат можност практично да се запознаат со процесот на работа на филмски сет и да работат со филмска техника.
Работилниците опфатени во „Филмски Колаж”, ја организира филмската продукција Шарада во соработка со Beach Film Festival, и е проект поддржан од Министерството за култура. Сите заинтересирани можат да се пријават преку директна порака на профилите на Младинскиот Центар Охрид и Beach Film Festival.
Strugaonline

error: