Бесплатен влез денеска во Н.У Музеј ,,Д-р Никола Незлобински“ во Струга

- Локални
383

По повод 18 април, Светскиот ден на спомениците и локалитетите, Н.У Музеј ,,Д-р Никола Незлобински“-Струга информира дека  денеска е слободен влезот за сите посетители.

Бесплатен е влезот  и на археолошките локалитети и во музејските објекти Самуилова тврдина, Музеј на вода – Градиште, Куќа на Робевци и Галерија на икони во Охрид.

-Слободен ќе биде влезот во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство во државава со цел граѓаните да имаат можност да се запознаат со археолошките локалитети и спомениците низ државава, информираат од Министерството за култура.

Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) во 1982 година го прогласи 18 Април за Светски ден на културното наследство, а ИКОМОС секоја година препорачува тема за прославата и активностите на тој ден организирани од страна на националните и меѓународните научни комитети.

-Годинашна тема за Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите е „Катастрофи и конфликти низ призмата на Венецијанската повелба“, додаваат во соопштението од Министерството за култура.

Секоја година темите се актуелни, и се однесуваат на подигнување на свеста на јавноста за значењето на светското културно наследство, за заштитата, чувањето и афирмацијата на непроценливото богатство откриено преку археологијата.

Strugaonline

 

Facebook Коментари