Во рамки на неделата на детски филмови, денеска во 13:00 часот во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се прикажува филмот СМРДУШКОВЦИ – Добредојдовте во Смрдвил синхронизиран на македонски јазик.
-Во потрага по својот нов дом, Смрдушковците пристигнуваат во прекрасното, мало и мирно село Смрдвил. Но, за жал Смрдвил има огромен проблем: во близина има локална депонија која предизвикува секакви проблеми и го уништува прекрасниот Смрдвил. Нешто мора да се превземе! Макс, синот на градоначалникот, е млад талент кој тајно мечтае да го реши смрдливиот проблем со една луда машина, која ја изработува заедно со професорот Пенливски и неговата внука Лота. Кога Макс се сретнува со Смрдливците на депонијата, веднаш станува јасно дека тие се решението за проблемот, затоа што јадат ѓубре! А за Смрдливците, депонијата значи дека конечно нашле вистински дом. Сè би било во ред ако не беа плановите на сопругата на градоначалникот и бескрупулозниот градежен изведувач Чекановски кои сакаат на депонијата да градат велнес центар! Смрдливчињата сега треба да го спасат својот нов дом заедно со пријателите Макс и Лота.-стои во описот на содржината.
Филмот е во режија на Тоби Генкел и Јенс Мулер.
Facebook Коментари