Стотина туристички локации низ државава ќе добијат бесплатно WiFi во наредниот период.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски и в.д директорот на ЈП „Национална Радиодифузија“, Ендре Кадриу денес разговараа за детали од проектот со кој се предвидени 100 точки, најзначајни туристички локации да имаат пристап до интернет.
Според најавите, овој проект ќе се реализира врз основа на Националнот оперативен Бродбенд План (НОБП) и опфаќа:
– 100 туристички локации
– прв чекор за реализација на проектот се граничните премини
– Wi-Fi покриеност на Охрид и Струга
– пристап до интернет на многу други значајни локации.
Реализацијата на овој проект е дел од потребата за дигитализација и промоција на туристичките потенцијали што е од особена важност за развојот на туристичката индустрија.
извор: Центар за развој на Југозападен плански регион
фото: Центар за развој на Југозападен плански регион
Facebook Коментари