Хуманитарна акција денеска и утре во Струга

- Локални
435

Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Струга и координаторот за еднакви можности во соработка со општинската организација на Црвен крст-Струга и Центарот на заедницата – Струга, организираат хуманитарна акција за собирање чиста облека, храна (конзервирана, тестенини, нерасиплива долготрајна), хигиенски и парични средтсва.

Сите хумани граѓани ќе можат да донираат во среда и четврток (9-ти и 10-ти март) во период од 10:00 до 14:00 часот во салата на Советот на Општина Струга (до Народна одбрана).

Собраните продукти и  средства ќе бидат донирани на семејства и поединци од социјално ранливи категории и корисници на социјална помош.

Настанот се организира во рамки на годишната програма за еднакви можности на комисијата при Советот на Општина Струга и Меѓународниот ден на жената, 8-ми март.

Strugaonline

Facebook Коментари