BEST OF STAND UP со БОЈАН ВЕЛЕВСКИ на 29-ти април во Охрид

- Локални
397
За прв пат во големата сала на Центарот за култура ,,Григор Прличев“ голем настап на Бојан Велевски во Охрид.
 ,,Бидејќи е прв, а првиот впечаток секогаш најважен, тој доаѓа со STAND UP SPECIAL или најдобриот материјал од десет години кариера и над 400 настапи “збиен” во пеколни 90 минути и смеење на секои 20 секунди во просек.,, -информираат организаторите.
-Со задоволство ја прифатив поканата на НУЦК “Григор Прличев” – Охрид да гостувам во Охрид и конечно да се запознаеме одблиску, како што е редот со охридската публика. Внимателно ќе ги одберам моите најдобри фори и ветувам дека ова ќе биде едно вистинско освежување за охриѓани.- вели, Бојан.
Настанот е закажан за 29.04.2022 година (петок), или веќе познат во Охрид како ,,ден за театар”. Цената на билетите е стандардна – 200 денари, можете да ги набавите на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066,
Настанот ќе се одржи со почитување на здравствените протоколи.

Facebook Коментари