Изложба ,,Струга во очите на нејзините деца“ од 25-ти април до 3-ти мај во Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“

- Локални
509

 

Од 25-ти април до 3-ти мај, во Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе биде отворена изложбата ,,Струга во очите на нејзините деца“.

Станува збор за дела што беа изработени и учествуваа на конкурсот за месечната награда по уметност за деца ,објавен од страна на иницијативата ,,За чиста Струга“ во соработка со наставникот по уметност, Милко Нестороски.

Целта на конкурсот беше младите во Струга преку цртеж да го покажат делот од нашиот град кој најмногу им се допаѓа. со самото тоа ги развиваа своите уметнички вештини и ја изразија љубовта кон Струга.

Strugaonline

 

Facebook Коментари