,,безРАЗМЕрни величини“-литературен настан посветен на Разме Кумбароски на 15-ти јуни во Струга

- Локални
903

На 15-ти јуни во паркот на поезијата во Струга ќе се одржи настан посветен на писателот Разме Кумбароски , ,,безРАЗМЕрни величини“

,,Во чест на богатото творештво и живот на Разме Кумбароски, ве покануваме на настан каде ќе ја споделиме и уживаме неговата голема љубов кон литературата. Да доживееме барем дел од тоа што Разме го остави зад себе: поезијата, есеите, мислите за животот; но и заедништвото и пријателствата кои секогаш ќе не’ облагородуваат. ,,-велат организаторите.

Настанот ќе биде исполнет со читање поеми и извадоци од есеите на Разме Кумбароски, а сликарот Трајче Воинов (TravoArt)  во живо ќе ја наслика и овековачи емоцијата на настанот, уметничка слика и принт што ќе биде достапен за продажба.

Кумбароски е роден на 29 март 1944 година во Струга. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Во 1980 година магистрирал на Факултетот за политички науки во Загреб. Заедно со Д. Дурацовски е основач на мултимедијалното списание за литература и уметност „Форма“. Најголемиот дел од својот професионален живот го поминува како генерален секретар на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. По пензионирањето, ја иницира и оформи Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ која освен публикување, се јавува и како една од ретките организации во државата кои се домаќини на Фестивалот на есејот. Беше член на ДПМ од 1987 година. Автор е на 60 книги поезија, есеи и романи, а неговото творештво е преведувано на 12 светски јазици.

Кумбароски почина на 11-ти ноември минатата година, поради компликации од корона вирусот.

Facebook Коментари