(Видео): D’Reamers ја промовираат новата песна ,,Тишина“

- Музика
489

Синиша и Јордан познати како D’Reamers го објавија и четвртиот сингл ,,Тишина” кој воедно доби и видео запис. Видеото се снимаше на повеќе локации, конкретно во Маврово, Матка и Гостивар. Како протагонист во самото видео се јавува младата Драгана која не штедеше зборови, и упати доста позитивни критки кон целиот тим кој работеше на ова аудио и видео издание. Самиот видео запис е планиран, и проектиран повеќе од три месеци, поради замислата и идејата на самиот тим.

-Целта на “Тишина”, на ова перфектно музичко дело беше да добиеме еден автентичен зимско – пролетен времеплов преку самото видео, и преку таков запис, ги меморираме оние убави места во Македонија кои во одреден годишен период зрачат со самата нивна магија. Тука природата ни дарила апсолутно се и навистина не постоеше ниту трошка двоумење околу тоа кон што ќе цели самиот спот. Секако дека со вакви видео записи нема да застанеме, и ќе се потрудиме и во наредните музички дела да промовираме повеќе реткости од убавините на македонската природа – изјавија Јордан и Синиша.

Музиката и текстот е на Синиша Карафилоски, во изведба на Јордан Ивановски, аранжманот е изработен од страна на Дамир Пух и Наташа Миха, самиот микс и аудио продукција е изработена во нивното GreenRoom Sound студио, додека за видеото беше задолжен Небојша Петревски и ProCam студио, а егзекуторот односно пост видео обработката ја финализираше Дарко Јовановски.

D’Reamers велат дека победничкиот тим не се менува, и  дека престојат уште многу заеднички проекти на горенаведениот тим, кои веќе размислуваат за наредните музички изданија.

 

Facebook Коментари