Бидете хумани, донирајте тестенини за семејствата од социјален ризик во Струга

- Локални
892


Црвен Крст Струга во соработка „Здружение на професори по италијански јазик“ организираа хуманитарна акција за собирање на тестенини.

Под мотото „Заедно можеме повеќе“, а на иницијатива на Здружението на професори по италијански јазик ова хуманитарна акција се спроведува во неколку училишта во Струга, Охрид и Струмица. Целта е да се соберат тестенини што ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства  за секој да има достоен оброк. 

 Акцијата ќе се спроведува утре, 16.10.2018 и во среда, 17.10.2018 година во просториите  на  СОУ ДР. Ибрахим Темо Струга каде ќе биде поставен пункт за донации.

Утре е светски ден на гладта, а од 16-ти до 22-ри октомври се одбележува Неделата за борба против гладта.

Будете хумани, затоа што секој заслужува достоен оброк.

Strugaonline

Facebook Коментари