Билетите за концертот на ,,БАХ“ во претпродажба, попуст за сите ученици

- Локални
458
На 20-ти јуни, Студиото за танц БАХ ќе го одржи својот годишен концерт, настан кој што публиката во Струга со нетрпение го очекува секоја година. Баховки и оваа година ќе приредат вистински спектакал и со уште едно врвно шоу ќе ја покажат својата уникатност и професионалност.
Билетите се по цена од 150 денари во регуларна претпродажба, а ексклузивно за ученици од шест до осумнаесет години, до 10 јуни билетите се со попуст и чинат 100 денари. Цената на билетите на врата на самиот концерт ќе биде 200 денари иако досегашната пракса покажува дека билетите за концертите на Студиото за танц ,,БАХ“ се секогаш продадени до денот на концертот, така што набавете си билет на време.
Strugaonline

Facebook Коментари