Билетите за театарското кабаре „Пијани“ се пуштени во продажба – бројот на седишта е ограничен

- Локални
624

Во рамки на програмта „Раздримување /disDRIMing: Етичкото и естетичкото во ангажираната уметност“, на 26ти септември (четврток), тимот на Drimon го носи можеби најангажираниот и естетски најавангадниот меѓу институционалните театри, Народен театар Битола со театарското кабаре „ПИЈАНИ“ во режија на Марјан Ѓеорѓиевски.

Во знак на долгогодишното и континуирано партнерство со ИНКА, претставата е овозможена во соработка со  Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга,  а по повод јубилејната прослава седумдесет и пето години од основањето на Народна Библиотека и шеесет  години од основањето на Домот на културата во Струга.

„Билетите за претставата „Пијани“, од денеска се пуштени во продажба. Може да се набават на портирница во Центарот за култура, или во мезе бар „Кингстон“.  Ви препорачуваме да си купите билет на време, бројот на седишта е ограничен. Се гледаме во четврток. Претставата започнува точно во 20.00. часот, дојдете  на време.“ – велат организаторите

Програмата „Раздримување/disDRMing: Етичкото и естетичкото во ангажираната уметност“ е поддржана од Министерство за култура.

Strugaonline

 

Facebook Коментари