Билтен на СВР Охрид: 18-годишна стружанка се оддалечила од својот дом, кривична за лице од Гостивар, во Струга полицијата кај него пронашла кокаин

- Локални
4572

На 20.11.2023 година во 12.30 часот, во ОВР Струга пријавено е дека, М.Л.(18) се оддалечила од својот дом во Струга. Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(33) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед извршен на улицата „Партизанска“ во Струга, врз патнички автомобил со кој пријавениот се превезувал, полициските службеници кај него, пронашле и одзеле опојна дрога кокаин.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари