На 15.05.2024 во 17.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека во близина на деловен објект каде работела, по завршување на работното време, В.Н.(50) од Охрид била физички нападната од Н.М. и уште едно лице. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.С.(70) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца”. На 22.04.2024, при сообраќајна контрола на патот Ресен-Охрид, кај селото Лескоец, полициските службеници го затекнале пријавениот при вршење јавен такси превоз на патници без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од Скопје, А.В.(33) и И.С.(37), двајцата од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела „измама”. Тие, во текот на јануари и февруари оваа година, со јавувале на мобилни телефони на повеќе граѓани од Охрид и Струга, претставувајќи се лажно како вработени во градежни фирми и им нуделе градежни материјали по поевтини цени. На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 281.600 денари.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари