Каков воздух дишат стружани?- Дебата со Никола Кукунеш, Седат Адемоски и Ана Наумоска

- Интервју, Локални
388

На почетокот на 2024 година во Струга започна реализацијата на проектот ,,Воздух на граѓаните“. Во рамки на истиот, беа поставени 20 мерни уреди на територијата на Општина Струга со цел да се детектира кои точки, во кој временски период и при какви метеоролошки услови покажуваат зголемени вредности. Квалитетот на воздухот во Струга прв пат почна да се мери од декември минатата година со поставување мерна станица во средното училиште „Нико Нестор“ преку проект на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Резултатите во одредени денови во февруари покажаа дека воздухот е загаден четири пати над дозволената вредност. Сумираната слика е дека како одминуваше зимата, така паѓаше и загаденоста на воздухот, а деталната слика за состојбата со амбиенталниот воздух, последиците по здравјето и правните механизми за решавање на проблемот ја добивме од нашите денешни гости, Никола Кукунеш асистент на проектот „Воздухот на граѓаните”, Седат Адемоски-доктор по општа медицина, и Ана Наумоска, правник и активист за чиста животна средина.

Дебатата можете да ја последните на следниов линк

Извор и фото: Play radio

 

Facebook Коментари