Билтен на СВР Охрид: Физички напад во хотел и кражба во продажен објект во Струга

- Локални
1811

На 13.08.2024 во 13.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека во охридското село .Љубаништа е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ц.К.(65) од Прилеп и М.С.(36) од Љубаништа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.08.2024 во 17.15 часот во ОВР Струга е пријавено дека во хотел во Струга е нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.М.(27) врз Д.М.(53) и Т.М., сите од Струга. По документирање на случајот, против А.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.08.2024 во продажен објект во Струга, при извршување на кривично дело „кражба“ била затекната С.К.(54) од Струга. Одземените производи се вратени на одговорното лице во објектот, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари