На 23.10.2023 во 21.10 часот, на улицата ,,Гоце Делчев” во Охрид, приведени се Р.М.(24) и 16 годишник, двајцата од Кичево. Тие, претходно физички го нападнале П.Б.(28) од Охрид. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.М.(44) од штипското село Таринци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”. Тој, на 20.10.2022, по објава поставена на социјалната мрежа Фејсбук, напишал коментар со кој ширел говор на омраза.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари