Учениците од ООУ ,,Браќа Миладиновци“ кои учат италијански јазик имаа еко-акција заедно со наставничката Викторија Бебекоска

- Локални
412
По повод Неделата на италијанскиот јазик во светот (La settimana della lingua italiana nel mondo) која се одржa од 16-22 октомври, оваа година на тема: Италијанскиот јазик и одржливоста, учениците кои го изучуваат италијанскиот јазик во ООУ ,,Браќа Миладиновци“  имаа низа активности. Учениците од 7мо, 8мо и 9то одделение со наставничката Викторија Бебекоска имаа еко-акција во училишниот двор и блиската околина, дел од собраниот отпад го селектираа и го искористија уште еднаш за да направат италијанско знаме, а потоа се беше фрлено на соодветно место.
-На хамер изработуваа цртежи и пишуваа изрази со рециклиран материјал (капачиња, остатоци од оштрилки од моливи и лушпи од ореви), изработки на круни, висечки пораки, ветувања и друго.“-информираат од ООУ ,,Браќа Миладиновци“.
Сите активности ќе бидат претставени на дигиталната изложба организирана од страна на ЗПИРМ во соработка со Италијанската амбасада и во присуство на амбасадорот, г-дин Андреа Силвестри, на ден 26.10.2023 во 19:30ч.
Strugaonline

Facebook Коментари