На 28-ми септември 2023 година, во Полициската станица Радовиш е задржано 21-годишно лице од Радовиш, кое било лишено од слобода на подрачје на Охрид, по барање на Полициската станица Радовиш.
Тој се сомничи дека во текот на 2023 година извршил повеќе кривични дела на подрачјето на Радовиш. Во службениот разговор во полициска станица, тој признал дека извршил девет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“. За преземените мерки е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случаите против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
На 28-ми септември 2023 година, во 11:35 часот во СВР Охрид, 68-годишен охриѓанец пријавил дека на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид бил физички нападнат од страна на друго лице од Охрид.
– По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
На 28-ми септември 2023 година, во 15:05 часот во СВР Охрид, од средно училиште во Охрид било пријавено дека околу 12:00 часот во дворот на училиштето, лице од селото Велгошти се однесувало агресивно и недолично кон две ученички во училиштето.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари