Денеска се одбележува Светскиот ден на срцето

- Локални
248

Денеска се одбележува Светскиот ден на срцето под мотото „Користи срце, знај повеќе за срцето“.

Годинашната кампања се фокусира на суштинскиот чекор прво да го запознаеме нашето срце, затоа што само така може да го заштитиме, посочуваат од охридскиот Центар за јавно здравје.

Кога срцевата функција се компромитира зборуваме за кардиоваскуларно заболување, широк поим што ја покрива секоја неправилност на циркулаторниот систем во чиј центар е срцето.

Некои од ризик фактори за срцеви заболувања се дебелина, висок холестерол, висок крвен притисок, нездрава храна, штетна употреба на тутун и алкохол.

20,5 милиони изгубени животи секоја година во светот се поради кардиоваскуларни заболувања, а дури 80% од нив може да се спречат со избегнување на ризик факторите на кои можеме да дејствуваме. Трендот на смртност од кардиоваскуларни заболувања сé уште е највисок, а има тенденцијата на намалување на возрасната граница за пациенти со вакви заболувања. Превенцијата е една од најважните точки што треба да се потенцираат.

Извор: Охридпрес

фото: aрхива

Facebook Коментари