Билтен на СВР Охрид- Кај Тетовец во Струга пронајден нож, физичка пресметка во Вевчани….

На 07.08.2023 околу 14.30 часот на улица „Партизанска” во Струга, полициски службеници од полициската станица Струга го приведоа Е.А.(23) од Тетово затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.08.2023 во 08.30 часот во ОВР Струга, пријавено е дека во месноста „Суво поле”, општина Вевчани, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.М.(62) од струшкото село Лабуништа и М.А.(68) од Вевчани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ј.(21) од Струга поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На улица „Димче Ковачески” во Струга, полициските службеници извршиле преглед кај него, при што пронашле и одзеле марихуана.
Извор: СВР Охрид

