Билтен на СВР Охрид-Кривична пријава за охриѓаенц поради бесправно градење, жител на Лешани ќе одговара за кражба и уште две кривични дела……

- Локални
445

СВР Охрид поднесе кривична пријава О.К.(57) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. Тој, на катарстарска парцела на улицата „Даме Груев” во Охрид, спротивно на Законот за градба и без соодветна документација за градба, издадена од надлежен државен орган, бесправно изградил стамбен објект за домување.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.М.(41) од селото Лешани, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба”,  „фалсификување знаци за обележување на стоки, мери и тегови” и „фалсификување службена исправа”. Тој, на 10.08.2023 на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Климештани, бил затекнат како со товарно моторно возило врши транспорт на огревни дрва кои претходно неовластено ги пресекол, по што извршил нелегално жигосување на дрвната маса и фалсификување на испратница за дрвата и ја прикажал како уредно издаден документ од ЈП „Национални шуми”.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари