Лев банер Десен банер

Калиопи ja промовира новата песна ,,Кад осване”

Повеќедецениска кариера исполнета со успех, раскошен вокал и неверојатна харизма е она што ја краси Калиопи.

Континуирано ја исполнува својата дискографија со нови песни и на својата публика и дарува музичка магија.

Новата песна „Кад осване“ е на сите дигитални платформи и на официјалниот YouTube канал, а еве што вели Калиопи 
за нејзината нова песна, и овој пат комплетно авторско дело на нејзиниот долгогодишен соработник Ромео Грилл:

„Песната „Кад осване“ (Кога ќе раздени) никого нема да остави рамнодушен.

Тоа е песна која буди од длабок сон, раздвижува и ја враќа надежта за подобри денови!

Кога ја слушнав прв пат, бев пресреќна што добив ваква песна! Ромео и овој пат се надмина себеси, 
а тоа му успева речиси 40 години, колку што веќе соработуваме заедно…
 
За неполни 5 месеци добив две големи песни! Дуетската „Знам“, со мојот пријател Жељко Самарџиќ, 
која веќе со молскавична брзина се врежа во срцата на публиката, а сега исто така длабоко верувам 
дека „Кад осване“  ќе биде песна за која ќе се зборува и која што многу ќе се пее! Имаме нов хит! “
Музиката, текстот, аранжманот и продукцијата ги потпишува Ромео Грил.

 

error: