Билтен на СВР Охрид: Кривична пријава за жител на Велешта поради бесправно градење

- Локални
258

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.И(54) од струшкото село Велешта поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело  „бесправно градење“. Тој, во текот на февруари 2023 година, на катарстарска парцела во Струга, неовластено, без соодветна документација, спротивно на закон и основниот проект, започнал со изведување на надградба на деловен објект. Од извршениот инспекциски надзор донесено е Решение со кое на  инвеститорот  му се наложува да ја отстрани надградбата на деловниот објект.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари