На 10.04.2024 во 19.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во помошни простории од куќа на улица „Марко Цепенков” во Охрид. Истиот ден во СВР Охрид е пријавено дека на површина со нискостеблеста вегетација кај стрелиштето „Бејбубнар”, избувнал пожар. И во двата случаи нема повредени лица, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
На 10.04.2024 во 21.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа С.Ѓ.(39) од Охрид, кој е баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба”. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа „Затвор Струга”, за издржување на казната.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари