Kривична пријава заработија две лица од Франгово и Албанија, предизвикале пожар кај месноста „Добра вода“

- Локални
271

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.И.(50) од струшкото село Франгово и Л.Р.(40) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Двајцата, со палење на отпадни материјали и стрништа во месноста „Добра вода“, атар на селото Франгово,  предизвикале пожар чие ширење кон селото било спречено со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Струга.

Извор: СВР Охрид

 

Facebook Коментари