
На 27.11.2023 во 12.45 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на булеварот „Туристичка” во Охрид, В.Р.(75), физички го нападнал Д.С.(35), двајцата од Охрид, по што настанала меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 27.11.2023 во 17.55 часот во СВР Охрид, пријавено е дека настанал пожар во стан на улицата „Димитар Влахов”, сопственост на И.П. од Охрид,. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.Н.(57) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”. Тој, неовластено изработил уверение за здравствена и психофизичка способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина, кое се обидел да го прикаже и употреби како вистинска исправа.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари