Билтен на СВР Охрид-Приведен охриѓанец поради нелегален транспорт на огревно дрво….

- Локални
481

На 09.10.2023 во 15.40 часот во атарот на охридското село Скребатно, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.Ќ.(46) од Охрид. Тој бил затекнат при нелегален транспорт на 8,5 метри просторни нежигосано огревно дрво со товарно моторно возило „ГМЕ” со охридски регистарски ознаки, сопственост на В.Ќ. од Охрид. Товарното возило, огревното дрво и една моторна пила се одземени и предадени на Шумската полиција. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.10.2023 во 09.45  часот на улицата „Кленоец” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид од З.Н.(58) од Охрид одзедоа товарно моторно возило „Там” со струшки регистарски ознаки,  натоварено со четири метри просторни огревно дабово дрво за кои не поседувал документација. Дрвната маса, возилото и други предмети биле одземени и предадени  на Шумска полиција и сместени во стовариште на Ј.П. „Национални шуми” во Охрид. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари