Поради голем интерес, во сабота реприза на претставата ,,Љубов во струшко Нерези“

- Локални
939
После успешно одиграната премиера на урнебесната комедија ,,Љубов во струшко Нерези“ пред преполна сала, на барање на публиката, Драмското студио ,,Миладин“ со огромно задоволство ја најавува репризата на оваа комедија во сабота, 14-ти октомври во 19:30 часот .
Влезниците се по цена од 150 денари. Од Драмското студио потенцираат дека бројот на билети е ограничен, а интересот е голем, така што, сите кои сакаат да ја погледнат претставата, треба да си набават билет што побрзо.
Strugaonline

Facebook Коментари