Билтен на СВР Охрид: Приведено лице од Лабуништа барано за издржување казна затвор, Приведено 43-годишно лице од охридско село кое физички ја нападнало сопругата…

- Локални
532

На 03.01.2024 во 08.45 часот во село Лабуништа, струшко, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга и полициското одделение од струшкото село Велешта го приведоа М.С.(49) од село Лабуништа. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основниот суд во Струга за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струга за издржување на казната.

На 03.01.2023 во 21.55 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Г.Т.(43) од охридско село, затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.01.2024 во 08.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во куќа на улица „Сирма Војвода“ во Охрид, настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари