На 11.09.2023 во 16.30 часот кај месноста „Грашница” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Ш.Ф.(35) од Охрид, кај кого, при извршен преглед, пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.09.2023 во периодот од 12.00 до 18.00 часот на подрачјето на Охрид, спроведени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале осум возачи на моторни возила кои на непрегледни и на места каде тоа е забрането, извршиле престигнување на други моторни возила.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.С.(43) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење” и „узурпација на недвижности”. Тој, на катарстарска парцела во Охрид, без да поседува соодветна документација за градба издадена од надлежен државен орган, извршил доградба на деловен простор со имотен лист во државна сопственост. Вонреден инспекциски надзор извршил овластен градежен инспектор при општина Охрид, кој констатирал дека пријавениот доградил и узурпирал државно земјиште без да поседува одобрение за градба.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари