Во Охрид и Струга јавни расправи по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје

- Локални, Македонија
419

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) организира јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во категорија III-Споменик на природата.

Првата јавната расправа ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид во четврток, на 14-ти септември 2023 година со почеток во 10:00 часот. Втората јавна расправа е закажаназа во петок, на 15-ти септември 2023 година со почеток во 10:00 часот во Општина Струга.

Од министерството информираат што содржи актот за прогласување на заштитеното подрачје Охридско Езеро:

– назив на заштитеното подрачје или природната реткост,
– категорија на заштита за заштитеното подрачје, географски карактеристики и други основни обележја,
– картографски приказ со граници на заштитеното подрачје
– граници на зоните кои постојат во рамките на заштитеното подрачје,
– типови на зони во заштитеното подрачје,
– режим на заштита и
– субјект кој ќе управува и други прашања утврдени со актот за прогласување.

Нацрт законот за прогласување на Охридско Езеро за Споменик на природата е изработен согласно Студијата за валоризација која ги детерминира природните вредности на подрачјето.

 

Facebook Коментари