На 19.08.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Струга, Н.Ч.(41) од Струга пријавил дека на 12.08.2024 на улица „Димитар Влахов“ во Струга бил физички нападнат од Г.А. од Охрид. Се работи на расчистување на случајот.
На 19.08.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Струга, А.А.(29) од Струга пријавила дека на ул.„Маркс Енгелс“ во Струга била касната од куче скитник.
На 19.08.2024 во 08.30 часот во ОВР Струга, Ш.М.(54) од с.Октиси, струшко, пријавил дека од домот се оддалечиле неговата ќерка И.М.(31) со нејзината малолетна ќерка М.М.(13). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Извор: СВР Охрид
фото: архива
Facebook Коментари